19 Декември, 2025
0.0520

Историска промена: Милионерите од Британија и Франција се селат во балканска земја

Објавено во: Економија 11 Август, 2025 17:20

Добивај вести на Viber

Меѓу најбогатите луѓе во светот се случува историска промена. Оваа година, 142 илјади милионери имаат намера да се преселат, оставајќи ги зад себе луксузните станови во Лондон или имотите во Франција.

Швајцарија, Соединетите Американски Држави(САД) и Обединетите Арапски Емирати(ОАЕ) сè уште успеваат да привлечат дел од богатите, но Црна Гора е најбрзо растечкиот центар во светот за милионери.

Имено, според податоците од швајцарската компанија „Хенли и партнерс“, во текот на минатата година бројот на милионери кои дошле да живеат во оваа земја се зголемил за дури 124 проценти.

Моментално, во оваа земја живеат 2.800 милионери, што е значително помалку во споредба со некои други земји. Сепак, таа ги привлекува богатите благодарение на програмата „инвестиции во замена за државјанство“, позната и како Златен пасош.

Дополнително, како што истакна Доминик Волек од „Хенли и партнерс“, Црна Гора станува привлечна поради близината до Западна Европа и нејзината фискална флексибилност.

„Ниските даноци на Црна Гора, со фиксен данок на доход и без данок на наследство или подарок, ја направија особено привлечна за зачувување на богатството. Во комбинација со јадранскиот брег, понудата на луксузни недвижности и атрактивниот медитерански начин на живот, земјата стана избор на инвеститорите“, рече Волек.

Покрај претходно споменатите, бројот на богати луѓе кои емигрирале минатата година се зголемил и во Малта, Полска, Кина, Костарика, Индија и Латвија.

Од друга страна, повеќето милионери емигрирале од Велика Британија, Кина, Индија, Јужна Кореја, Русија, Бразил, Франција, Шпанија и Германија, пишува бизнис весникот „Форчун“.

foto Wikipedia/Marcin Konsek

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии