18 Декември, 2025
0.0597

Истрага за Жерновски: Ќе му пресуди ли катната гаража на Тодоровиќ?

Објавено во: Економија 14 Август, 2018 07:30

Добивај вести на Viber

Општината Центар и ги дава на увид на Управата за финансиска полиција сите документи околу случајот со катната гаража кај Нова Македонија во која вплеткан е поранешниот градоначалник Андреј Жерновски кој сега е заменик министер за надворешни работи. Финансиските полицајци треба да утврдат кој е одговорен за штетата која и е направена на општина Центар, а вреди дури 1,6 милиони евра. Толку пари беа симнати од сметката на општината откако судот пресуди во корист на градежната компанија „Пелагонија Гостивар“ која тужела за неисполнување на договорот за изградба на оваа катна гаража. Таа штета произлегла од одлуката на општината во време кога градоначалник беше Жерновски, а кој одлучил гаражата да не се гради со образложение дека подобро е парите за гаражата да се наменат за училиште. Потпис на договорот, претходно, во 2013 година ставил неговиот претходник Владимир Тодоровиќ.

Како ќе заврши овој случај ќе покаже истрагата, во меѓувреме Жерновски тврди дека нема вина и покрај тоа што поради одлуките во тоа време практично се „прокоцкани“ 1,6 милиони евра општински пари. Од Финансиската полиција не откриваат детали за истрагата. Од општина Центар велат дека освен што соработуваат со сите надлежни истражни органи и за овој и за други случаи не сакаат да коментираат детали. Тие за судската одлука поради која сметката им беше блокирана се жалеа на Врховен суд. Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и сега за Фактор го повтори својот став дека се надева оти судот ќе им пресуди во нивна полза и дека парите ќе им бидат вратени.

Жерновски пак, по двонеделен молк одлучи да прокоментира за случајот, вчера. За Фактор изјави дека договорот не го раскинала општина Центар туку самото претпријатие „Пелагонија Гостивар“ и тоа со судска пресуда.

„Легитимна политичка одлука на новото општинско раководство тогаш беше средствата од буџетот да се насочат кон далеку поприоритетни цели, како што е изградба на ново  и современо училиште. Договорот не го раскина Општина Центар, туку самото градежно претпријатие "Пелагонија Гостивар" и тоа со судска пресуда. Надвор е од било каква разумност е да се прифати тезата дека "Пелагонија" има изгубена добивка во висина на цената за која требала да ја изгради барокната катна гаражат. Според пресудата, произлегува дека "Пелагонија" би ја изградила гаражата со 0 денари трошоци. Спорот се' уште не е конечно решен и верувам дека Врховниот суд ќе ги корегира нелогичностите на пониските судови. Во тој дух, ја поздравувам одлуката на Финансовата полиција да го разгледа овој случај, изјави Жерновски за Фактор.

Но сепак, без оглед што договорот бил прекинат со судската одлука, се тврди, важно е што општината не презела ништо да се гради гаражата, напротив парите ги пренаменила. Со тоа свесно се одело кон изигрување на договорот. Дали за тоа имало правна основа треба да се утврди од истрагата. Судот веќе пресуди во корист на Пелагонија Гостивар. Од оваа компанија одлучија да молчат во сиот процес.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа