14 Декември, 2025
0.0476

Истражувач: Пилотот е виновен за падот на алжирскиот авион

Објавено во: Свет 01 Август, 2014 17:37

Добивај вести на Viber

Истражувачи веруваат дека пилотот на авионот „Ер Алжир“ , кој минатата седмица со 118 патници и членови на екипажот се сруши на северот од Мали, се обидел да ја заобиколи бурата, но прерано се вратил на почетниот курс, со што повторно влетал во невремето, објавува британски „Мирор“.

Истражувачите навеле дека авионот за само три минути паднал од висина нешто повќе од 3000 метри над Мали. „Мирор“ наведува дека истражувачи ова го потврдиле врз основа на радарската снимка. Весникот додава дека авионот се изгубил од радарот откако пилотот побарал дозвола да го промени курсот за да би ја избегнал бурата.

Францускиот генерал Жолбер Дијендер, кој ја предводи истрагата, рекол дека е можно пилотот да мислел целосно да ја заобиколи бурата и дека сакал да се врати на првичниот курс. „Несреќата се случил при прилика на овој маневар“, додал тој.

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус неодамна изјавил дека пилотите на авионот „Ер Алжир“ барале да се вратат пред да биде изгубен контактот.

„Она што сигурно го знаеме дека времето било лошо таа ноќ, дека екипажот на авионот барал промена на рутата, а потоа и да се вратат пред губењето на контактот“ рекол Фабилијус на новинарите пред францускиот министер за сообраќај да ги наведе анализите на црните кутии од срушениот авион дека можеби истите ќе потраат со недели.

Авионот се сруши пред осум дена, непосредно пред полетувањето од Уагагугуа, главниот град на Буркина Фасо, а требаше да слета во Алжир.

Можеби ќе ве интересира

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела