20 Декември, 2025
0.0418

ИТАЛИЈА НА НОЗЕ: Штрајк против владините мерки за штедење!

Објавено во: Свет 12 Декември, 2014 13:46

Добивај вести на Viber

Генерален штрајк од утрово ја парализира Италија - вработените во администрацијата, болниците, училиштата и сообраќајот на осум часа ја прекинаа работата во знак на протест против најавените мерки за штедење. Протестите против економската политика на Владата на Матео Ренци ги покренаа два синдикати, а демонстрации се одржуваат во 54 градови низ Италија. Се очекува протестот да предизвика најголем застој во железничкиот и авио сообраќајот, бидејќи за врее на штрајкот се изведуваат само минимален број услуги. „Вака веќе не оди“, порачуваат работниците низ цела Италија, кои се особено незадоволни со најавените измени во Законот за труд, со кои се овозможува полесно отпуштање од работа. Со измените се предвидува намалување на правата и заштитата на работниците. Во исто време, се предвидува и помала обврска за отпремнини за фирмите кои вработуваат млади луѓе на неопределено време. Според Ренци, целта на оваа мерка е да се стимулира вработувањето на младите, со оглед на тоа што досега италијанските компании најчесто вработувале млади на една година, а вработените немале сигурност. Синдикатите имаат големи забелешки и на предлог-буџетот за 2015 година, оценувајќи дека мерките за економски раст на земјата се недоволни.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја