„Италијанската одбрана како швајцарско сирење“: Европа добива нов фудбалски владетел, Швајцарија ја елиминира Италија
Објавено во: Спорт 29 Јуни, 2024 21:42
Фудбалската репрезентација на Швајцарија се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство, откако во Берлин ја совлада Италија со 2:0.
Стрелци за Швајцарија беа Ремо Фројлер во 37 и Рубен Варгас во 46 минута.
Овој натпревар беше следен со посебно внимание ширум светот.
„Големиот Швајцарец го исфрли актуелниот шампион на Европа“, гласи насловот на Index.hr, а во текстот се наведува дека победата била – рутинска!
Порталот „24sata.hr“ пишува дека „италијанската одбрана била како швајцарско сирење“, додавајќи дека „Варгас го постигна еден од најубавите голови на ЕУРО“.
Швајцарија во четврт-финалето ќе игра против подобриот од натпреварот Англија-Словачка на 6 јуни во Дизелдорф.
Фото: УЕФА ЕУРО 2024
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





