20 Декември, 2025
0.0363

ИТАЛИЈАНСКИ ЛЕКАР ОД ЕПИЦЕНТАРОТ НА КОРОНАВИРУСОТ: „Мора да избереме кој ќе го лекуваме, а кој не“

Објавено во: Свет 10 Март, 2020 06:40

Добивај вести на Viber

Докторите мора да бираат кој ќе го лекуваат, а се одлучува според староста и здравствените услови. Ова се зборовите на Кристијан Салароли (48) , анестезиолог и реаниматор во болницата Папа Јован XXII во италијанскиот град Бергамо, еден од потешко погодените од епидемијата на коронавирусот.

Салароли, кој за „Кориере де ла сера“ објаснил како изгледа работата на лекарите во оваа вонредна ситуација појасни и како изгледа изборот кој ќе биде лекуван, а кој не.

-Како и во сите воени ситуации. Не го кажувам јас тоа, туку прирачниците по кои учевме-рекол тој.

Според неговите зборови, во итната служба е опремена голема соба за дваесет кревети која лекарите ја нарекуваат Пемаф или Итен план за максимален прилив.

-Во тие кревети се наоѓаат само жени и мажи со вирусот КОВИД-19, кои страдаат од респираторно затајување. Сите други остануваат дома-вели тој.

Првиот чекор е да ги стават во неинванзивна вентилација. КОВИД-19 влијае на оксигенација на крвта, поради што пациентите кои се најмногу погодени стануваат хипоксични, односно повеќе немаат доволно кислород во телото. Токму затоа важно е брзо да се одлучи кој ќе прима терапија.

-Ние сме должни во рок од неколку дена да избереме кој ќе лекуваме - истакнува тој и додава дека доколку личноста е на возраст помеѓу 80 и 95 години има сериозно респираторно заболување, веројатно нема да има понатамошно лекување.

-Дури ни во нормални времиња се оценува од случај од случај, обидувајќи се да процениме дали пациентот може да се опорави од било која операција. Сега само го применуваме ова дискреционо право на големата скала - објаснува Салароли.

На прашањето дали му пречи што како доктор, но и татко на две деца мора да одлучи кој ќе лекува, а кој не, Салароли вели: „Уште можам да спијам ноќно време. Изборот се заснова на претпоставка дека некој, секогаш млада личност, веројатно ќе преживее за разлика од некој друг. Тоа е утеха“.


Фото/Извор: „Кориере де ла сера“

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја