20 Декември, 2025
0.1453

ИТНА ЕВАКУАЦИЈА ВО СЛОВЕНИЈА ПОРАДИ БОМБА - за 1.000 граѓани се бараше решение, ќе бидат евакуирани и 2.000 Италијани

Објавено во: Балкан 25 Август, 2024 10:25

Добивај вести на Viber

Во Словенија, во Нова Горица, наредена е евакуација на 1.000 луѓе, а бидејќи ова е пограничен град, од другата страна на границата, денеска ќе бидат евакуирани уште 2.000 луѓе во Италија поради бомба која треба да се деактивира!

Во словенечка Нова Горица во 10 часот почна постапката за деактивирање на 226 килограми тешката неексплодирана бомба од Втората светска војна, која работниците ја пронајдоа минатиот четврток на градилиштето на железничката станица Нова Горица. Пред тоа беше наредена целосна евакуација на жителите во радиус од 400 метри, која се протега и на италијанската страна.

Во 8 часот стапи на сила забраната за влез во зоната за евакуација, а локалното население ќе може да го напушти подрачјето до 9 часот.

Почетокот на процесот за деактивирање на бомбите ќе биде објавен со звучни предупредувачки сирени, а процесот ќе го спроведат припадниците на Државната единица за заштита од неексплодирани убојни средства. Процесот на деактивирање на бомбата се очекува да започне во 10 часот.

На словенечка страна ќе бидат воспоставени две безбедносни зони. Целосна евакуација ќе биде наредена за првата, црвена зона, каде живеат 961 лице. Овој простор од словенечката страна на границата се протега и до 400 метри од местото каде што беше пронајдена бомбата.

Ќе биде опфатена и втората, жолта зона, во која живеат 2.064 лица. Тоа значи дека овие луѓе нема да можат да излезат надвор откако ќе се вклучи и се очекува звучната сирена до 11 часот. Овој простор на словенечката страна на границата се протега на меѓу 400 и 600 метри од местото каде што беше пронајдена бомбата.

џНадлежните служби ќе ја проверуваат и целата зона за евакуација и заштитена со помош на дронови. Според италијанскиот Il Piccolo, меѓу 1.500 и 2.000 луѓе ќе мора да ги напуштат своите домови на италијанската страна на границата.

За оние кои нема каде да одат при евакуацијата, општина Нова Горица ќе подготви голема сала во општинската палата и ќе организира помош при евакуацијата. Во изминатите денови сите што живеат во евакуацискиот и заштитениот простор добиваа детални инструкции во поштенските сандачиња.

Општина Нова Горица моментално ја реновира зградата каде што беше пронајдена бомбата за да ја подготви за европска престолнина на културата во 2025 година. Во зградата што ја нарекоа EPIC ќе се постави програма со која ќе се воспостави физичка и виртуелен изложбен простор, земајќи ги предвид елементите на наследството.

Kurir.rs/Telegraf/M.CG.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација