06 Декември, 2025
0.0312

Итно се бара градинар – плата 2800 евра месечно

Објавено во: Стил 13 Ноември, 2013 22:19

Добивај вести на Viber

Гернанскиот претседател Јоаким Гаук под итно бара градинар за во претседателската резиденција за месечна плата од 2800 евра, објави „Билд". Според магазинот, се бара искусен работник кој ќе го одржува паркот на дворецот Белви со површина од 76.750 квадратни метри. Кандидатите за функцијата градинар кај германскиот претседател мора да бидат многу лојални и способни за големи напори и работа. Покрај тоа, мора да имаат искуство и знаење во одржување на дрвја и вегетација околу езерото, но, исто така, и за  косење трева според модели, бидејќи претседателскиот парк од „птчја перспектива“ треба да личи на шаховска табла. Новиот градинар не мора да биде сам околу грижата за 76.750 квадратни метри, бидејќи поради големината на паркот за него се грижат вкупно седум градинари и еден работник како поддршка.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: