ИВАП: Шоуто мора да продолжи, но секако во нови услови
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 29 Јуни, 2020
Денес официјално, Комисијата за заразни болести одобри одржување на јавни настани, собирања, музички концерти.
Оваа одлука е резултат на повеќемесечно залагање и преговарање на Асоцијацијата ИВАП а во последните недели и неформалното здружение на Културните Промотери и иницијативата Музика сега.
„Должни сме да соопштиме дека ние како Асоцијација, но и другите групи предложија протоколи за работа и според информацијата што ја добиваме од Комисијата, составен е еден официјален протокол со кој наскоро ќе биде запознаена и јавноста. Драго ни е дека од страна на Комисијата беше согледана нашата сериозност и одговорниот пристап кон проблемот, што денес беше истакнато и во изјавата на министерот Венко Филипче. Упатуваме голема благодарност до Министерката за финансии Нина Ангеловска и нејзиниот кабинет, Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска и до сите останати кои беа подготвени да ги слушнат нашите барања и да се вклучат во изнаоѓање на квалитетно решение за нашиот сектор. Ние остануваме одговорни компании кои се грижат за јавното здравје и ве уверуваме дека нашите настани можат да бидат безбедни за сите посетители, секако само ако сите сме одговорни и ги почитуваме протоколите. Секако апелираме и на останатите организатори на настани да се придржуваат и да ги почитуваат усвоените протоколи. Наскоро ќе ги објавиме и условите под кои ќе се одвиваат настаните. И како што постојано потенциравме, шоуто мора да продолжи, но секако во нови услови“, се вели во соопштението од ИВАП.
Апелираат, носете маски, чувајте се и почитувајте ги мерките за заштита.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.