Избегната нова трагедија на „Малезија ерлајнс“
Објавено во: Свет 31 Јули, 2014 19:40
Компанијата „Малезија ерлајнс“ повторно се најде во очите на јавноста после две трагедии, бидејќи авион на оваа компанија го избегнал судирот со друг авион на пистата.
Авионот на „Малезија ерлајнс“, кој требаше да полета од Аделаида во Куала Лампур, беше принуден да запре пред да полета бидејќи на пистата му се попречи авион на австралискаа компанија „Тајгер Ер“ кој по враќањето од Мелбурн се обидел да слета во исто време.
Во соопштението на австралиската служба за авијација, се вели дека наведувањата на медиумите дека авионите „замалку ќе се судариле“ се неодговарачки и дека безбедноста на патниците или авионот во ниту еден момент не биле загрозени, пренесува „Сиднеј морнинг хералд“.
„Малезија ерлајнс“ не го коментираше инцидентот, а безбедносните служби информираа дека нема да го истражуваат случајот.
Можеби ќе ве интересира
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела




