19 Декември, 2025
0.0220

Изборите во септември?

Објавено во: 18 Јануари, 2016 08:48

Добивај вести на Viber

Медиумите објавуваат дека политичките партии во земјата договараат нов датум за избори- 5 јуни. Ова го објави Алсат-М.

Од друга страна информациите до кои дојде Фактор се дека средината на јуни или во текот септември се месеци кои се разгледуваат како можни термини.

Септември е посочен како месец, за да не се остави простор на опозицијата за да ги бојкотира изборите.

Главната пречка е различниот концепт на Брисел и Вашингтон. За Вашингтон  избори не треба да има  колку да се каже  дека тие се одржале, додека Брисел  ја заговара тезата  дека кога ќе се постави  одреден рок тој мора да се испочитува. Новиот  датум  најверојатно ќе биде познат во текот  на оваа недела .

По неуспехот на преговорите од пред неколку дена, како што се дознава, партиите веднаш воспоставиле контакт за постигнување на финална согласност, тоа што го постави како единствена можност и еврокомесарот Јоханес Хан.