05 Декември, 2025
0.0307

Избран новиот папа, доаѓа од Аргентина

Објавено во: Стил 13 Март, 2013 21:15

Добивај вести на Viber

Хорхе Марио Берголио од Аргентина е нов поглавар на Римокатоличката црква. Тој ќе биде прв папа кој доаѓа надвор од Европа во изминативе 1300 години. Одлуката ја донесоа 115 кардинали од Систинската капела.

Новиот папа ќе се нарекува Францис Први.

Хорхе Марио Берголио (76) беше надбискуп на Буенос Аирес. Докторирал во Германија. Ректор е на филозофско теолошкиот факултет во Сан Мигуел. Бискуп е именуван во 1992 година. Бил претседател на Аргентинската бискупска конференција од 2005 до 2011 година. Именуван е за кардинал во 2011 година.

Претходно вечерва бел чад излезе од оџакот на Сикстинската капела, што беше сигнал дека кардиналите го избрале новиот папа кој ќе го наследи Бенедикт. Во исто време почнаа да бијат и камбаните на а базиликата Свети Петар.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: