Избрано новото раководство на МАСИТ
Објавено во: Економија 29 Март, 2013 18:59
На седмото Годишното собрание, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ избра новото раководство кое ќе иправува со комората следните две години.
Нов претседател на Собранието на МАСИТ е Игор Бимбилоски од Македонски телеком, а местото претседател на Управниот одбор му припадна на Слаѓан Михајловски од Инфините Солутионс.
За време на седницата која беше одржана вчера во Стопанската комора на Македонија, членовите разговараа за активностите на МАСИТ, остварените резултати и реализираните проекти во изминатата година, а беше презентиран и финансискиот извештај за работењето на Комората за 2012 година.Исто така беше презентиран и Предлог буџетскиот план и Предлог акцискиот план за работа на Комората за 2013-2014 година.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




