Издадени две нови ковани монети за колекционерски цели
Објавено во: Економија 06 Септември, 2016 17:22
Народната банка на Република Македонија издаде две нови ковани монети за колекционерски цели.
Од НБРМ информираат дека се издадени и пуштени во оптек кованите пари „Година на петелот – петел со ангел“, и „Година на петелот – ветроказ со петел“.
Овие ковани пари се изработени од сребро Аg925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто 26,16 г, и во кружна форма со димензија 38,61 мм.
Кованата пара „Година на петелот – петел со ангел“ на аверсот, во центарот на кованата пара се претставени грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“. На реверсот, во центарот е прикажана слика на ангел во боја кој седи во запрежна кола влечена од петел. Ангелот е опкружен со цвеќе. Под и над централниот дел на сликата е прикажан цветен орнамент. По должината на периметарот се наоѓа натпис „Среќна Година на петелот“ на англиски јазик.
Кај кованата пара „Година на петелот – ветроказ со петел“ на аверсот, во центарот на кованата пара се претставени грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, има натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“. На реверсот, во центарот е претставена слика на петел во боја, во облик на ветроказ, со сонце во заднината. Под петелот е прикажана годината на петелот – „2017“. По должината на периметарот стои натпис „Среќна Година на петелот“ на англиски јазик.
Цената на кованите пари „Година на петелот – петел со ангел“ и „Година на петелот – ветроказ со петел“ изнесува 3.500 денари.
Кованите пари на НБРМ за колекционерски цели се законско средство за плаќање во Македонија.
Минатиот месец беше пуштена монета со ликот на Мајка Тереза.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




