ИЗДАВАЛЕ СМЕСТУВАЊЕ, АМА НЕ ПЛАЌАЛЕ ДАНОК: Србија размислува да го укине booking
Објавено во: Балкан 18 Октомври, 2024 14:45
Луѓето во Србија кои ги издаваат становите преку букинг не плаќале данок.
Букинг (Booking), онлајн платформа за резервации на апартмани и хотели низ светот, во Србија се соочува со обвинувања од властите за огласување на нерегистрирани даватели на приватно сместување, односно станови кои нивните сопственици ги издаваат, а не плаќаат данок.
Од Министерството за туризам посочуваат дека оваа платформа овозможува промоција на субјекти кои не работат во согласност со законот, додека од Букинг одговараат дека е подготвена да ги едуцира давателите на сместување за нивните обврски, но и нешто повеќе од ова, јави дописникот на МИА од Белград.
Минатата недела министерот за туризам Хусеин Мемиќ објасни дека „во туризмот, кој постојано се развива и носи сè поголем девизен прилив, има многу сива економија, а најголем проблем се корисниците на приватното сместување и странски платформи кои во Србија работат на црно“.
Посебно внимание е насочено кон платформата Букинг, на која министерот посочи дека се воделе разговори со таа компанија, како и дека државата размислува да го укине работењето на оваа компанија во Србија.
Од Министерството за порталот Нова економија потврдија дека се остварени средби со регионални претставници на Букинг и дека по тој повод е дадено предлог решение во форма на барање за единствен матичен број (JID) на регистрирани угостители од Е-турист, при склучување на договор за огласување помеѓу угостителите и Букинг.
Директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (ЈУТА), Александар Сеничиќ одговори дека државата треба да разговара со нив за промена на правилата на оваа компанија, но дека во случај тоа да не вроди со плод, забраната за работа на оваа компанија „нема да биде првиот прекин на работата на територијата на една земја, барем привремено“.
Вели дека Турција имаше долг спор со Букинг поради појавата на нелојална конкуренција и на крајот успеа да инкасира неколку милиони евра обесштетување, а компанијата привремено го „затвори“ своето работење таму.foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




