23 Ноември, 2024
0.0301

ИЗДРЖЕТЕ УШТЕ СЕДУМ ГОДИНИ, ПОТОА СТАНУВАМЕ БЕСМРТНИ!

Објавено во: Општо 30 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Поранешниот инженер и футуролог на Google, Реј Курвејл, верува дека луѓето ќе постигнат бесмртност до 2030 година.

Како што истакнува, својата хипотеза ја заснова на развојот на технологијата за кои верува дека ќе доведат до создавање наноботови кои ќе можат да ги поправаат оштетените клетки и ткива предизвикани од стареењето на телото.

Така, според неговото интервју што го даде за каналот „Адаѓо“ на „Јутјуб“ ќе не направи имуни на стареење и болести како ракот.

Своето предвидување за човечката бесмртност, футуристот го заснова на теоријата на сингуларност, која тврди дека технологијата ќе се развие толку многу што ќе им овозможи на луѓето да станат бесмртни. Тој најави постигнување целосна сингуларност до 2045 година, а верува дека до 2029 година вештачката интелигенција ќе може без проблем да го помине Туринговиот тест и да покаже интелигентно однесување кое е еднакво на човечкото.

За Реј Курцвеил, употребата на вештачка интелигенција во реалниот живот е корисна. Тој верува дека машините и компјутерите не прават поинтелигентни и нивното поврзување со нашиот церебрален кортекс ќе им овозможи на луѓето да размислуваат попаметно, како и да бидат поталентирани во различни области.

„Ќе добиеме повеќе церебрален кортекс, ќе бидеме посмешни, подобри во музиката. Ќе бидеме попривлечни. Во поголема мера, можеме да прикажеме сè што вреднуваме кај луѓето“, вели Курцвеил.

Сите овие достигнувања во технологијата за Курцвеил треба, заклучува тој, да создадат синтеза на човекот и машината.

Курцвејл ги зацврстува своите тези со аргументи дека досега 127 од неговите 147 предвидувања поврзани со иднината биле точни.

Имено, поранешен инженер на Google изјавил дека компјутер ќе го победи светскиот шампион во шах до 1998 година. Тоа се случи во 1997 година кога Гари Каспаров загуби од компјутерот „Deep Blue“.

Курцвеил, исто така, предвиде во 1999 година дека до 2023 година, лаптоп од 1.000 долари ќе ја има истата компјутерска моќ и капацитет на меморија како човечкиот мозок.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.