ИЗГЛАСАНА СУСПЕНЗИЈА ЗА АНГЕЛОСКИ ОД ССКМ?! - претседателот тврди дека извршната директорка е суспендирана
Објавено во: Економија 10 Јули, 2025 15:06
Препукувања меѓу лидерите во Сојузот на Стопански комори на Македонија и тврдење за меѓусебно исклучување од главните позиции во сојузот.
Додека едни од претставниците објавуваат дека е изгасан прекин на овластувањата на актуелниот претседател Трајан Ангелоски од страна на членки на коморите и групациите во рамки на ССКМ, самиот Ангелоски демантира и вели извршната директорка е суспендирана пред три дена.
До медимите пристинаа две соопштенија во името на Сојузот, но со контрадикторни тврдења.
Имено, согласно едното соопштение, според кое денеска било оддржано вонредено Собрание на членките, и дека на дневни ред биле 14 точки со кои се констатираат груби прекршувања на Статутот, изнесување на лични ставови, донесување на индивидуални одлуки штетни по угледот и репутацијата на ССКМ, груб упад во дата базите и податоците на ССКМ и злоупотреба на социјалните медиуми за работењето на ССКМ и нејзините членки во изминатиот период од страна на преседателот Трајан Ангелоски и лица во неговото најблиско опкружување.
- По барање од десет членки на УО на Сојузот на стопански комори на Македонија - ССКМ денеска ( 09.07.2025 година) во 13 часот, се одржа вонредно Собрание на ССКМ со присуство од голем број на членки од седум комори и една групација. Вонредното Cобрание на ССКМ поради заклучените простории на ССКМ од страна на досегашниот преседател Трајан Ангелоски, се одржа на кровната панорамска тераса.
Собранието се одржа во присуство на извршниот директор на ССКМ , овластен адвокат кој беше избран за претседавач на Собранието, и записничар нотар за верификација на неговата веродостојност и валидност. Избраната верификациона комисија ја констатира легитимноста и бројноста на Собранието на ССКМ, со што истото продолжи со неговата работа - се посочува во соопштението испратено до медиумите.
Потоа додаваат дека покрај другите одлуки, му биле одземени овластувањата на актуелниот претседател.
- ЗНАЧАЈНА ОДЛУКА на вонредното Собрание на ССКМ е дека на досегашниот претседател Трајан Ангелоски му прекинуваат сите овластувања за претставување на ССКM во земјата и странство како и учество во сите тела назначени од ССКМ во изминатиот и следниот период се до свикување на ново Собрание на кое ќе се избере легитимен претседател и Управен одбор на ССКМ - се нагласува во соопштението.
Потоа се посочува дека вонредното Собрание на ССКМ е закажано да се одржи на 30.07.2025 година и со ова соопштение до медиуми се повикуваат сите членки на ССКМ да земат учество и на истото да се избере легитимен претседател кој ќе ги застапува интересите на членките на ССКМ и на бизнис заедницата и ќе помогне во градење на државни политики проникнати од идеите и предлозите на македонскиот бизнис сектор.
- Поради грубиот упад на Трајан Ангелоски во серверскиот систем и личните податоци на членките на ССКМ и неможноста за користење на службените емаил-ови на ССКМ, сите соопштенија кои ќе бидат пратени од официјалните емаил адреси на ССКМ се невалидни и неважечи.
Дополнително, Собранието одлучи дека правото на комуницирање со медиумите и членството на ССКМ до периодот на одржување на новото Собрание е исклучително на извршниот директор на ССКМ и неговата приватна електронска адреса - се наведвува во соопштението, зад кое стои потписот на Сузана Јаневска, Извршен директор на ССКМ.
Но, од друга страна пристигна и соопштение од мејловите на Сојузот во кое ја осудуваат злоупотребата на службената положба и фалсификувањето на службена документација од страна на извршниот директор Сузана Јаневска, за која се посочува дека на 07.07.2025 година е суспендирана од функцијата и нема никакви овластувања да ја претставува институцијата.
- На 09.07.2025 година, Сузана Јаневска, користејќи приватна Yahoo адреса (suzana.janevska77@yahoo.com), испратила лажно соопштение до медиумите во кое тврди дека е одржано вонредно Собрание на ССКМ. Истакнуваме дека:
Тоа не е официјална комуникација на ССКМ и е правно ништовна.
Собрание на 09.07.2025 не било закажано, ниту одржано по деловнички или статутарни процедури.
Фалсификуваната покана и обидот за лажно собрание се резултат на грубо прекршување на член 4.2.8 од Договорот за основање на ССКМ.
Постапката претставува класичен пример на институционална измама и дејствување без мандат - се нагласува во соопштението.
Во него исто така се потенцира дека заедно со Јаневска, во координирана активност биле вклучени и четири правни субјекти поврзани преку семејни и деловни врски кои се исклучени од членство со Одлука бр. 0302-1-11/25 од 01.07.2025 година, поради сериозно нарушување на угледот и функционалноста на институцијата.
- Согласно член 4.5.4 од Договорот за основање, Претседателот на ССКМ, г. Трајан Ангелоски, донесе формална Наредба за итна суспензија на Сузана Јаневска, со која ѝ се забранува пристап до службените простории, контакт со членството и користење на било какви ресурси во име на ССКМ. Исто така, таа е задолжена веднаш да ги врати сите доверени средства во сопственост на Сојузот.
Во интерес на правната сигурност, заштита на членките и зачувување на интегритетот на институцијата, целокупниот случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи. Очекуваме соодветни институционални реакции за сите инволвирани во обидот за институционален удар и фалсификат - пишува во соопштението.
Потоа додаваат дека апелираат до сите медиуми и јавноста да не прифаќаат никаква комуникација или соопштенија испратени од приватни адреси кои не се дел од официјалната структура на ССКМ.
- Сите валидни информации ќе бидат доставени исклучиво преку официјалниот е-маил info@chamber.mk и преку легитимните канали на Сојузот.
Ниту поединци, ниту групи нема да бидат дозволени да го узурпираат легитимитетот на институцијата изградена врз доверба, транспарентност и работа во интерес на бизнис заедницата - се вели во соопштението потпишано од претседателот на ССКМ Трајан Ангелоски.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




