„ИЗГОР ЦЕНА“: Колку ќе чини маслото од канабис во аптеките?
Објавено во: Економија 27 Август, 2016 12:15
На полиците во аптеките ширум земјава од понеделник со рецепт може да се купи масло од канабис со повисока концентрација чија употреба е наменета за лекување на лица со малигни заболувања.
Двете нови масла добија амин во однос на цената од агенцијата за лекови и медицински средства.
Маслабата се дистрибуирани во аптеките а се продаат по цени „изгор“.
Послабото масло, Канобил Канц 300 ќе се продава по цена од од 5.544 денари, а Канобил Канц 600 по цена од 9.240 денари.
Едниот препарат содржи 300 милиграми ТХЦ+ 300 мг ЦБД во пакување од 120 милилитри, додека другиот има 600 мг ТХЦ+ 600 мг ЦБД во пакување од 240 милилитри.
Маслото од канабис, согласно законските одредби, ќе може да г препишуваат невролози, инфектолози, радиолози и онколози, со цел да се намали болката кај пациенти со епилепсија, ХИВ, со мултиплекс склероза и кај малигно болните.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




