Изгоре српски автобус на Стража
Објавено во: 22 Мај, 2016 19:16
Автобус попладнево во 17.30 часот, изгоре на патот Кичево-Гостивар во непосредна близина на Стража.
Откако автобусот се запалил, патниците исплашени чекале да дојде друго возило што ќе ги превезе. Се работи за автобус со српски регистарски таблички. Во автобусот имало 50 патници, а автобусот се запалил поради моторот. Повредени патници нема при запалувањето на автобусот.




