05 Декември, 2025
0.1982

Изговори кои луѓето ги користат за да не дојдат на работа

Објавено во: Стил 20 Мај, 2013 16:00

Добивај вести на Viber

Дојде уште еден понеделник. Ако седите пред компјутерот со крвави очи и се прашувате како викендот толку брзо помина, ќе ве интересира кои се изговори ги користат луѓето за да го избегнат доаѓањето на работа.

Меѓу понудените изговори се и некои бизарни како „Конзерва грав ми падна врз прстот“, „Сопирачките на автомобилот се расипаа па автомобилот удри во бандера“, „Кучето ми има напади на паника и не можам да го оставам само“.

Еден работник рекол дека не можел да дојде на работа затоа што има клинец во устата, а друг затоа што мајка му починала. По втор пат.

Истражување спроведено во САД открива дека дури 60 отсто од шефовите не им веруваат на вработените кога само ќе им кажат дека не им е добро. Затоа не ни чудат ваквите резултати.

Еве уште неколку генијални изговори:

- Прстот ми се заглави во кадата.

- Пребрзо пливав и удрив во работ на базенот.

- Ме изгризаа инсекти.

- Ми почина миленичето.

- Бев буден цела ноќ.

- Се изгорев.

- Кучето ми ги изеде чевлите.

- Рипчето ми е болно.

- Девојката ме удри таму доле.

- Се напив и сега незнам каде сум.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: