05 Декември, 2025
0.0326

Изградбата на автопатот Кичево - Букојчани ќе чини 110 милиони евра, практиканти инклузивно ќе работат на него

Објавено во: Економија 29 Септември, 2021 19:30

Добивај вести на Viber

Изградбата на автопатот Кичево - Букојчани кон Гостивар на Коридорот 8 во должина од 12,7 километри ќе чини 110 милиони евра, според законотот за гаранција според кој Европската банка за обнова и развој треба да му го даде овој заем на Јавното претпријатие за државни патишта, а за истиот е предложено да се донесе по скратена постапка во Собранието.

Покрај оваа сума, грант е обезбеден и од „Инвестициската рамка за Западен Балкан“ од 19,85 милиони евра, со што вредноста на делницата се очекува да биде околу 130 милиони евра.

„Делницата од европскиот коридор VIII (државен пат А2) од Гостивар до Кичево во моментов е изградена како единечен коловоз со две сообраќајни ленти во двата правца, а наместа на планинските превои, има и трета лента за бавни возила. Сепак, поради зголемениот обем на сообраќај и лошите возно - динамички услови кои се проектирани пред повеќе од 50 години, неминовно е надградување на оваа делница на ниво на современо автопатско решение по кое ќе се одвива брз, безбеден и непречен меѓународен и домашен превоз на патници и стоки“, се вели во законското образложение за проектот.

Во договорот со ЕБОР ќе биде вклучена и Агенција за вработување, која од регионот каде што ќе се гради овој автопат, кој ќе треба да ги поврзе делумно Кичево и Гостивар, ќе треба да обезбеди 40 невработени практиканти кои инклузивно ќе работат заедно со изведувачот 

„Од привремениот износ на Изведувачот ќе му бидат надоместени следните реални трошоци коишто се настанати како резултат на обуката на локацијата (практикантската работа) · Бруто плати и трошоци за 40 лица интегрирани во тимот на Изведувачот. · „Менторски“ ресурси на Изведувачот за да овозможи брза интеграција на практикантите и навремена подготовка на обрасци и документирање на активностите за инклузија, кога тоа е потребно. Изведувачот е должен да осигури дека во текот на целиот период на практикантска работа, сите практиканти ги почитуваат барањата на националното законодавство, а особено во областа на здравјето и безбедноста и трудовото право“, пишува во предлог-законот.

Практикантската работа ќе опфаќа млади луѓе вклучени во градежните сегменти како геодезија, земјени работи, патно инженерство, управување со сообраќајот, проектирање и изградба на градби (тунели, мостови), управување со здравје и безбедност при работа, управување со обезбедување квалитет, машинство и електротехника, управување со проекти и друго. 

„Со обуката се очекува младите луѓе да се стекнат со релевантни вештини и практично искуство со цел да им се овозможи пристап до можности за вработување во инфраструктурата, транспортот и другите капитално-интензивни сектори во Северна Македонија. Во овој поглед, времетраењето на обуката (практикантската работа) ќе се разликува врз основа на степенот на образование на кандидатот: · 3 месеци за кандидати со III и IV ниво на образование („средно образование“); и · 12 месеци за кандидати со VI и VII ниво на образование („универзитетска диплома“)“, се додава во предлогот.

Станува збор за продолжување на постојниот автопат E-65. Првата транша ќе биде во износ од 41.700.000 евра, а втората од ЕБОР ќе изнесува 68.300.000 евра. Сите градежни работи на Проектот се очекува да бидат завршени во рок од 48 месеци по доделувањето на првиот договор за градежни работи од секоја транша.

Автопатот, како што е предвидено со претходен закон, се очекува да го гради американско турскиот конзорциум Бехтел и Енка, но за тоа треба да реши Уставниот суд, бидејќи Државната комисија за спречување на корупција виде неусогласувања во изборот на изведувач без преговори со други евентуално заинтересирани страни.

А.К.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен