ИЗГРАДБАТА НА КОРИДОРИТЕ 8 И 10 МОЖЕ ДА ПОЧНЕ, во Владата потпишан договорот со „Бехтел и Енка“
Објавено во: Економија 08 Март, 2023 14:48
Денес го потпишуваме еден од најзначајните договори за инфраструктура
во нашата земја. Со договорот ќе се
градат коридорите осум и десет. Овој историски проект е стратешка определба,
развивме инфраструктура за следните генерации, за развој на економијата.
Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски пред денешното потпишување на договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“
- Вредноста на овој договор достигнува 1,3 милијарди евра, а вкупна должина на делниците скоро 110 километри. Со изградбата на овие коридори, Македонија ќе стане позначајна транспортна рута и позабележителна на светскат мапа. Нашите напори за мордерна патна и железничка инфраструктура стануваат реалност – потенцираше Ковачевски.
Вицепремиерот Артан Груби дополни дека со потпишвуањето на договорот може да започнат и градежните активности, а воедно изрази голема благодарност до амбасадата на САД за заложбите во договорот.
- За споредба во последните 35 години државата градела по пет километри годишно, а со овој договор ќе бидат изградени 22-25 километри на годишно ниво. Разликата е голема, и тука ќе ги видиме работите на конзорциумот, кој веќе има работено во соседството и се има докажано во својата дејност – посочи Груби.
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски го нарече денешниот ден, дена за паметење, и истакна дека се потпишува договор за најголемиот инфраструктурен проект, кој ќе придонесе за раст и развој на земјата.
- Ако минатата година го започнавме најголемит проект во железничката инфраструкрура, денес ја започнуваме во патната. Договорот кој го потпишуваме со изведувачот покажува дека инфраструктурта е најголем приорите. На Македонија и се потребни нови квалиетни пратишта, за посилна економија, за побрз транспорт на стоки и услуги. Денес на сите им е јасно дека не смееме да губиме време на калкулации, туку да направиме се за да ја задржиме стратешката позиција. Коридор 8 неодамна влезе во мапата на коридори кои се од стратешко значење. Со изграбата на 110 авотопатски делници даваме стимул во домашанта економија, а изведувачот ќе има и нови технологии, кои во иднина би биле прифатливи и преземени од домашните компани. Во буџетот на МТВ веќе се предвидени 15 милијарди денари, или 244 милиони евра што значи дека сме подготвени за изградба – посочи Бочварски.
Директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми дополни дека ова ќе биде најголем инфраструктруен преокт во земајва, и ќе обезбеди подобри врски со соседите и подобро патување за сите учесници.
Кратко обраќање имаше и претставникот на конзорциумот „Бехтел и Енка, Марк Алисон, кој истакна дека му е задоволство што ќе работи со нашата Влада и дека преземаат одговорност за изградба на најквалитетни патишата.
П.О.
Фото: Принтскрин/ВладаМожеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




