ИЗГУБИЛ ДЕВЕТ РОДНИНИ ВО ПОПЛАВИТЕ: Џенан Имамовиќ сепак ќе остане да живее во Јабланица
Објавено во: Балкан 10 Октомври, 2024
Човек од Босна и Херцеговина(БиХ) изгуби девет члена од своето семејство во поплавите.
Џенан Имамовиќ од Јабланица загубил брат, сестра, нивните сопружници и деца во поплавите.
„Единствена светла точка што ја имаме е малиот Еди, синот на Еди, кој преживеа, по Божја волја го нашол соседот“, раскажува потресениот Имамовиќ за N1 БиХ.
Неговата куќа не е оштетена во поплавата.
„Дрвјата некако го ублажија ударот. Татко ми користеше камен за да ја изгради куќата во 1960-тите. Куќата на брат ми беше исто толку добро изградена, сега ја нема, како никогаш да не била таму“, вели Имамовиќ за N1.
Тешко му е, но тој сепак планира да остане во Јабланица. Поплавите зафатија пет општини во БиХ. Поплави во истиот период имаше и во Албанија и Црна Гора, но таму немаше жртви.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.