03 Мај, 2024
0.0258

Измама: 4 милиони евра од Лореал завршиле кај Саркози

Објавено во: Стил 23 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е под официјална истрага дека примал незаконски донации за својата претседателска кампања во 2007 година од наследничката на козметичката империја „Лореал“, деведесетгодишната Лилијан Бетанкур. Тој се сомничи дека го искористил влошеното ментално здравје на најбогатата жена во Франција за да обезбеди пари за кампањата, а истражните органи се сомневаат дека дури четири милиони евра кеш од од Бетанкур завршиле кај Саркози. Саркози и неговиот адвокат пак ги негираат ваквите обвинувања и тврдат дека се политички мотивирани. Саркози неодамна најави дека би можел повторно да се кандидира за претседател во 2017 година. Француските власти пред една недела извршија претрес во парискиот стан на шефицата на ММФ, Кристин Лагард, која беше бивша министерка за финансии на Саркози. Претресот беше извршен во рамките на истрагата за учеството на Лагард во доделувањето милионска отштета во 2008 година на еден милијардер што го поддржува Саркози.