19 Декември, 2025
0.0401

Измените на Законот за работни односи во полза и на работниците и на работодавачите

Објавено во: Економија 29 Април, 2013 15:00

Добивај вести на Viber

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за вработување  Влатко Поповски денеска имаа средба со претставници на работодавачите од приватниот сектор на која ги информираа за законските измени за работните односи.

- На ваков начин создаваме услови за здрава, хумана и безбедна работна средина, како за заштита на луѓето кои што се вклучени во процесот на работа, во исто време, и заштита на работодавачите од непредвидени и неконтролирани економски и материјални загуби, рече министерот за труд и социјална политика.

Притоа посочи на измените за заштита на жената работничка од дискриминација при бременост, раѓање и родителство, кои, како што рече, забрануваат секаков облик на дискриминација врзана со пристапот до вработување, условите за работа и сите права од работен однос, вклучувајќи го и откажувањето на договорот за вработување на жените кои се наоѓаат во состојба на бременост или користат права по основ на родителство.

Тој се осврна и на конкретните измени кои е однесуваат на сезонското ангажирање работници.

- Се утврди отказниот рок од седум работни дена за сезонска работа. Со измените предвидовме поради краткото времетраење на сезонската работа за времето до три месеци да не се исплатува испратнината. Во врска со прераспределбата на работата, поконкретно ги уредивме прашањата на прераспределбата на работата за вршење сезонска работа, нагласи министерот Ристовски.

Посочи и на измените кои овозможуваат пријава по електронски пат за прекувремена, ноќна или празнична работа.

- Со сите наведени измени во законите во делот на работните односи и работничките права ние како Влада и како Министерство реално покажуваме дека се грижиме и работиме во насока на повисоко ниво на заштита на вработените, а од друга страна и заштита на работодавачите, нагласи министерот Ристовски.

Од Ристовски беше побарано и мислење дали е можно да се направат измени согласно кои во осумчасовното работно време на работниците во индустријата за текстил да не се смета и предвидената пауза од половина час, заради, како што истакнаа обезбедување на конкурентност.

- Нашиот закон е согласен со европските стандарди. Паузата од половина час речиси во сите европски земји, со исклучон на некои скандинавски, се засметува во работното време. Мислам дека во ваква трудоинтензивна дејност не би било во ред паузата да не се засметува во работното време, рече министерот Ристовски.

На денешната средба беше истакнато дека од почетокот на годинава се извршени 6.975 контроли од страна на трудовиот инспекторат. Во 236 случаи се поведени прекршочни постапки од кои најголем дел се за непријавена работа на црно.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра