06 Декември, 2025
0.0297

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Омилениот автомобил на Германците

Објавено во: Стил 01 Јуни, 2014 10:45

Добивај вести на Viber

Како изгледа листата на автомобили, од кои се најзадоволни возачите во Германија. Рангирањето е создадено од JD Power, и се базира на консултации од 18 000 возачи на автомобили. Во овој случај експертите од JD Power го разделиле рангирањето на два дела. Во првиот се квалификуваат најомилените марки автомобили, а во вториот - најомилените модели во секој сегмент од пазарот. На табелата се вклучени автомобили кои биле регистрирани во земјата помеѓу јануари 2011 и декември 2012 година. Самото анкетирање на сопствениците им е спроведено меѓу декември 2013 и февруари 2014 година. А критериумите по кои се оценуваат машините , се следниве: задоволството од колата, дизајн, удобност, сигурност, економичност, трошоци за одржување, по продажбата. Во класификацијата по брендови лидер е германската Porsche, која собира 835 поени од максимални 1000. На второ место со еднаков резултат се Toyota и Volvo, а во првата петорка се наоѓаат уште Mercedes- Benz и Skoda. На спротивниот пол се Fiat, Chevrolet и Dacia, кои ги завземаат последните три места во класификацијата. Лидери во аранжман според класа на машината се Toyota и Volkswagen кои имаат по два модела на челните места. Со едно одличје пак се Mercedes-Benz, Opel, Seat и Volvo. Со највисок резултат меѓу сите автомобили е Toyota Avensis - 848 поени од максимални 1000. Генерално возачите во Германија изјавиле дека најважен при изборот на нов автомобил е критериумот сигурност - вкупно 56% од анкетираните го дале тој одговор. Речиси 50% пак ја определиле како најважна цената, а 46% се изјасниле дека тоа е безбедноста на возилото. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: