19 Мај, 2024
0.0255

Израел: Дозволено е да се откриваат имиња на луѓе кои не биле вакцинирани

Објавено во: Свет 25 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Израелскиот парламент го одобри Министерството за здравство да ги открие имињата на луѓето кои не биле вакцинирани против коронавирусот на другите власти во земјата, што предизвика критики за нарушување на приватноста на граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат.

Законот, донесен со 30 гласа „за“ и 13 „против“, им дозволува на локалните власти, генералниот директор на Министерството за образование и на некои вработени во Министерството за социјални работи да ги дознаат имињата на овие лица, нивните адреси и телефонски броеви.

Одредбата, која ќе биде на сила три месеци или додека не заврши пандемијата, има за цел да им овозможи на властите да ги охрабрат луѓето да се вакцинираат обраќајќи им се лично, посочува Парламентот.

Две дози Фајзер вакцина веќе се примени во Израел од над три милиони луѓе или третина од околу девет милиони луѓе.

Таму веќе отворени се сите трговски центри и улични продавници за сите граѓани. Сепак, некои места се отворени само за оние кои примиле втора доза на вакцина или се опоравиле од COVID-19 и имаат сертификат за тоа.

Владата посочува дека целта е да се вакцинираат 6,2 милиони луѓе до април. Повеќе од 760.000 случаи на КОВИД-19, вклучително и повеќе од 5.600 смртни случаи, се регистрирани во земјата од почетокот на пандемијата.


Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто