ИЗРАЕЛ ТВРДИ: Во Газа има гориво, но Хамас го користи за воени потреби
Објавено во: Свет 26 Октомври, 2023 19:21
Израел тврди дека во Газа има гориво, но палестинската терористичка група Хамас повеќе сака да го користи за армијата отколку за болниците.
Израелската армија денеска го оспори тврдењето на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) дека наскоро ќе снема гориво во Појасот Газа.
„Колку што знам, сè уште има струја во Појасот Газа. И овој извештај е малку сомнителен“, рече портпаролот на армијата, потполковник Џонатан Конрикус.
Тој додаде дека ја информирале агенцијата на ОН за тоа каде Хамас, кој управува со Појасот Газа, набавува дизел и други видови гориво, и дека сето тоа е во палестинската енклава.
„Има доволно гориво за многу денови, за да работат болниците и пумпите за вода. Само приоритетите се различни. Хамас претпочита целото гориво да го насочува кон своите воени потреби, оставајќи ги цивилите без него“, додаде портпаролот на израелската армија.
Болниците во Газа примаат само итни случаи поради стравувањата дека резервите на гориво би можеле се исцрпат во наредните часови.
Франција испрати помош за болниците во Газа. И Кина, но и други земји ќе пратат помош за населението во Газа.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




