11 Јули, 2025
0.0365

Израел удри по Иран! Во нападот учествуваа 200 израелски авиони, гаѓаа повеќе локации, погодена најголемата нуклеарна постројка

Објавено во: Свет 13 Јуни, 2025 09:10

Добивај вести на Viber

Ударот на Израел врз Иран веќе ги потресе светските берзи, ја зголеми цената на нафтата и на златото

Израелската армија рано утрово (по наше време околу 4 часот н.з.) изврши масовен воен напад на повеќе цели во Иран. Нападнати се повеќе локаци (10 неофицијално н.з.) меѓу кои и најголемата нуклеарна постројка во Иран која се наоѓа во близина на Натанз. Иран потврди дека во нападот загинал Хусеин Салами, генерал полковник и водач на Револуционерната гарда на Иран, а убиен е  и генералот Голан ал Рашид командант на централниот штаб на иранските вооружени сили. Во нападите биле убиени и Мухамед Мехди Техранчи и Феридон Абаси, нуклеарни научници ветерани кои триесетина години работат на иранската нуклеарна програма.

Бенјамин Неатанјаху рано утрото во своето обраќање пред медиумите истакна дека нападот бил успешен, а во Израел веќе е прогласена вонредна состојба и најавено е дека се очекува населението да треба да одговори на можни тревоги и повеќе време да поминува во скривници затоа што се очекува повратен одговор од Иран.

Верскиот водач на Иран веднаш по нападот соопштил дека ционистичкиот режим со овој напад за себе подготвил „горка и болна судбина што сигурно ќе ја доживее“.

Од израелската армија утрово потврдиле дека во нападот на Иран учествувале околу 200 воени авиони и дека се нападнати околу 100 локации ширум Иран.

Првиот одговор што дошол од Иран ова утро е испраќање на стотина дронови за напад на Израел.

Официјален Вашингтон негира вмешаност со воена логистика и разузнувачки податоци, но и покрај тоа официјален Техеран веднаш ја обвини САД за директна поддршка за Израел во нападот.

Официјална Москва го осуди нападот, а тоа го направи и официјален Пекинг. Од друга страна пак претседателот на американскиот Конгрес Мајк Џонсон даде силна поддршка на Израел за нападот врз Иран.

Иран по нападот официјално соопшти дека ги прекинува преговорите со САД за нуклеарен договор кои течат во Оман и на кои денеска требаше да се разговара за иранската програма за збогатен ураниум.

Ударот на Израел веќе ги потресе берзите. Сите индекси на азиските берзи се во црвено, паѓаат цените на акциите, а расте цената на нафтата на светските берзи. Нападот предизвика и остри падови на фјучерсите што значи дека и берзите во Европа и во САД ќе го следат трендот на азиските берзи.

Светото се соочува со опасност од нова глобална ескпалација која силно ќе влијае врз инфлацијата затоа што Иран е голем производител на нафта, а има големо влијание и врз трговскиот пат на нафтата за Европа. 

Р.Ф.

Фото:  EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) МАЖ ПУКАЛ ВО НЕГО И ПОБЕГНАЛ: Убиен е украински разузнавач

(ВИДЕО) МАЖ ПУКАЛ ВО НЕГО И ПОБЕГНАЛ: Убиен е украински разузнавач

ПОБЕДА ЗА УРСУЛА И ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА! Претседателката сепак ја доби довербата на Европскиот парламент

ПОБЕДА ЗА УРСУЛА И ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА! Претседателката сепак ја доби довербата на Европскиот парламент

ИРАНЕЦ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ТРАМП: Повеќе не е безбеден да се сонча во својот луксузен дом на Флорида

ИРАНЕЦ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ТРАМП: Повеќе не е безбеден да се сонча во својот луксузен дом на Флорида

Поради ограничувањата од САД: Вртоглав пад на профитот на Самсунг

Поради ограничувањата од САД: Вртоглав пад на профитот на Самсунг

Тврдеше дека Путин сака мир, сега го смени ставот: Трамп го губи трпението со рускиот лидер, зошто сега?

Тврдеше дека Путин сака мир, сега го смени ставот: Трамп го губи трпението со рускиот лидер, зошто сега?

(ВИДЕО) ПРИ ПОСЕТА НА БРИТАНИЈА: Макрон доживеа мала непријатност со сопругата

(ВИДЕО) ПРИ ПОСЕТА НА БРИТАНИЈА: Макрон доживеа мала непријатност со сопругата

„ПОВЕЌЕ НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО МИРНОДОПСКИ ПЕРИОД“: Фредериксен ќе се бори за построга имиграциска политика

„ПОВЕЌЕ НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО МИРНОДОПСКИ ПЕРИОД“: Фредериксен ќе се бори за построга имиграциска политика

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ ИТАЛИЈА: Жена загина откако врз неа паднало дрво

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ ИТАЛИЈА: Жена загина откако врз неа паднало дрво

ПУТИН РАЗРЕШИ МИНИСТЕР: По неколку часа го пронашле мртов

ПУТИН РАЗРЕШИ МИНИСТЕР: По неколку часа го пронашле мртов