09 Октомври, 2024
0.0274

„ИЗРАЕЛСКАТА АРМИЈА ДЕНЕСКА ИЗВРШИ 17 МАСАКРИ ВО ГАЗА“: Нема веќе безбедно место

Објавено во: Свет 19 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал Кудра изјави дека во изминатите часови во болниците пристигнале 214 мртви и 300 ранети, а голем број жртви се уште се под урнатините и на патиштата, пренесува Ал. Џезира.

Тој нагласи дека „масакрот врз здравствениот сектор во северниот дел на Газа има за цел да раселат 800.000 луѓе и да ги ускрати здравствените услуги на илјадници ранети, бремени жени, деца и хронични пациенти“.

Израелскиот претседател изрази подготвеност за хуманитарна пауза, Хамас не сака да преговара за затворениците додека не се прекине „геноцидната војна“

Министерството пред неколку часа објави и дека е зголемен бројот на убиени Палестинци во појасот, а од почетокот на војната досега се убиени најмалку 19.667 лица, а 52.586 се ранети.

Ал Џезира известува дека се во тек напади врз областа Рафах во јужна Газа, каде што повеќето Палестинци побегнале по израелската наредба за евакуација.

Во последните неколку часа беше уништена станбена зграда во која загинаа неколку лица. Десетици луѓе загинаа во напад на друга зграда во друга населба, а најмалку еден Палестинец е убиен во бегалскиот камп Нусејрат.

Сите овие области кои беа бомбардирани се сметаа за безбедни зони на почетокот на војната. Но, токму сега со проширувањето на воената офанзива во јужните области, Палестинците веруваат дека веќе нема место во Газа што е безбедно, пишува Ал Џезира.

ФОТО: EPA-EFE/ALAA BADARNEH

Можеби ќе ве интересира

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан