20 Декември, 2025
0.0332

Израелски „Џејмс Бонд“ со години инфилтриран во врвот на Хезболах

Објавено во: Свет 22 Декември, 2014 19:42

Добивај вести на Viber

Либанските медиуми пренесоа информација која предизвика вистински потрес во тамошната јавност. Според нивните податоци, Мухамед Шавраба, таен агент на исраелски Мисад со години бил инфилтриран во самиот врв на шиитското движење Хезболах. Израелскиот шпион во редовите на Хезболах делувал цели шест години и за цело време успеал да ја одржи својата маска, а за Мосад ги открил плановите за голем број тајни операции кои Хезболах ги планирал против Западот. Ваквата информација се уште не е ја потврдиле ниту Хезболах, ниту Мосад, Либанските медиуми наведуваат дека по цели шест години шпионажа, агентот Мухамед Шавраба бил уапсен со уште четири други лица и дека сега него го очекува судење според судот на Хезболах, и дека тој ќе се соочи со тешка, а можно е тоа да биде и смртна казна. Шавраба во 2008 година успеал да добие место на чело на единиците за операции во странство на Хезболах. Тоа е можеби и највисоката положба во некоја организација на која Мосад успеал да инфилтрира свој агент. Еден од челниците на Хезболах дал изјава во која се обидел на некој начин да ја релативизира целата оваа работа. Меѓутоа, многу е јасно дека оваа организација е потресена од ваквото сознание. Постои сомнеж дека токму „Мосадовиот Џејмс Бонд“ е одговорен за експлодирањето на автомобил бомбата која го усмрти Имад Мугниј, еден од лидерите на Хезболах, во Дамаск во 2008 година. Шавраба се нашол под лупата на Хезболах откако пропаднале пет обиди за одмазда врз Израел поради убиството на Мугниј. Сепак потребни биле шест кодини за да се потврди ваквиот сомнеж.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја