19 Декември, 2025
0.0513

Израелските напади врз Иран ги вивнаа цените на златото

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2025 20:02

Добивај вести на Viber

Цените на златото нагло се зголемија бидејќи инвеститорите се загрижени за израелските напади врз Иран, што предизвика пораст на побарувачката за средства кои се сметаат за безбедни.

На физичкиот пазар, унца злато се тргуваше по 3.423,46 долари утрово, што е за 1,2 проценти повеќе од вчерашното затворање. Поскапе за повеќе од 3,5 проценти од почетокот на неделата. На американскиот пазар, фјучерсите за злато се тргуваа за 1,2 проценти повеќе, на 3.444,10 долари.

Израел нападна нуклеарни постројки и фабрики за балистички ракети во Иран рано утрово, тврдејќи дека ја спречува иранската програма за нуклеарно оружје.

Техеран постојано нагласува дека неговата нуклеарна програма е исклучиво цивилна по природа и одговори со испраќање околу 100 беспилотни летала кон израелска територија.

„Нападите во моментов поддржуваат бран на купување на пазарот на злато... но е прерано да се процени дали шокот ќе ги покачи цените повисоко во подолг временски период, бидејќи ситуацијата брзо се менува“, рече аналитичарот на „Џулиус Баер“, Карстен Менке.

Реакцијата (цената) на златото би можела да се продолжи подолг временски период во случај на прекини во снабдувањето со нафта, без разлика дали тоа ќе се случи поради директни напади или индиректни политички мерки. 

Долгорочен поттик на цените на нафтата би бил и ширењето на конфликтот во други земји во регионот на Блискиот Исток.

Инвеститорите обично купуваат злато во периоди на геополитички и економски тензии.

Цената на унца сребро беше стабилна на физичкиот пазар на 36,36 долари. Паладиумот поскапе за 0,5 проценти на 1.061,06 долари. Платината се тргуваше по цена пониска за 1,5 проценти, на 1.274,30 долари.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии