20 Декември, 2025
0.0551

Изречени казни и до 10 илјади евра за користење пиратски софтвер

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2013 19:32

Добивај вести на Viber

Координативното тело за интелектуална сопственост на Република Македонија и надлежните судови во Република Македонија ги засилија своите мерки во борбата против софтверската пиратерија. Во изминатиот месец Основните судови во Прилеп, Скопје и Тетово, покрај одземањето на средствата и опремата со кои се сторени кривичните дела, неовластена употреба на туѓ софтвер, досудија и оштетни побарување во денарска противвредност од над 10.000 евра. „Би сакал да ја изразам мојата благодарност на сите вклучени во процесот на почитување и спроведување на заштитата на правата од интелектуална сопственост во нашата држава. Особено сакам да ја изразам својата благодарност до преставниците на државните органи на Република Македонија кои партиципираат во Координативното тело за интелектуална сопственост. Особено радува фактот што во последно време надлежните судови во Република Македонија, кои постапуваат по нашите пријави против сторителите на казниви дела изрекуваат поостри казни (високи парични казни, казни затвор во траење до 1 година условени за 2 години да не се повтори кривичното дело), но и досудуваат високи износи на надомест на штета”, изјави Мите Костов, Претседател на Координативното тело за интелектуална сопственост на Република Македонија. Според Костов, Координативното тело за интелектуална сопственост и органите на прогонот ги следат активностите на некои продавачи на компјутери кои не само што инсталираат нелегален софтвер на компјутерите кои се наоѓаат во нивните продавници и на компјутерите кои ги продаваат, туку ги информираат купувачите дека нивни вработени ќе дојдат во нивните домови со цел да им инсталираат нелегален софтвер Ваквата појава ќе се набљудува, вели тој, а тоа ќе доведе до превземање на први законски санкции против овие компјутерски компании. „Сакаме да напоменеме дека покрај фирмите и поединците ќе бидат најстрого казнети, а компјутерите и другата опрема ќе биде одземена“, додава Костов.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии