20 Април, 2024
0.0266

Извидници

Објавено во: Колумни 05 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Некако истовремено со првиот мов под носовите(гордо се нарекуваше мустаки) и бакембардите,кај штотуку зачекорените во пубертет фраери,но и со првите натапирани фризурки на одделенските прчли(а ла Габи Новак) се појави модата,да не речам хистерија,за членување во Сојузот на извидниците.Искрено,за нас зборот извидник значеше романизиран и издигнат до ненаслутени височини лик на осамен борец за правдина од Дивиот запад,креиран од вештото перо на Карл Мај,германецот кој никогаш не стапнал на тлото на Америка,а времето зад решетки го тепал пишувајќи романи за предели и ликови создадени од неговото умештво за имагинација(кој не ги знаеше Винету,Олд Шетерхенд и Ншо Чи).

Г,з глаечки стапивме масовно во организацијата формирана 52-та година,а која требаше да ја собере младината и да ја воспитува на дисциплина и пожртвуваност-облечена во зелени униформи и построена во одреди и чети,нешто како војска,односно славни партизани.Се растрчаа нашите мајки и татковци да ни обезбедат платно со строго одредена нијанса,па да го однесат на шивач-шнајдерка за на одреден датум да се појавиме во свечен строј со црвени шамии околу вратот(протнати во еполетите на блузите) на полагање свечена заклетва.Момент што се памети долго.Потоа доаѓаат состаноци и активности од типот на кратки логорувања на кои се полагаат вештини-ориентација,правење логор од шатори,куварско умеење и пеење Хеј словени со дигање знаме на јарбол.

Повеќето од скоро-примените извидници едвај го чекаа летото да заминат на летување на Море(најчесто во Буљарица на Црногорско и во Филип Јаков, кај Шибеник).Тргнуваме во ниедно време со издрндан автобус и преку Пеќ и Андријевица(многу спомнуваниот Чакор се разбира) едвај се довлечкавме до каљонот на Морача.Тука доаѓа првиот удар од превеаните стари кврги-се појавува Скадарско Езеро и некој се извикува-„еве го морето“.Се подисправуваат пет-шестмина за поубаво да го видат,а дотичниот констатира-пет извидника првпат одат на Јадран.Буљарица останува врежана во сеќавањата засекогаш-мало местенце на прекрасен залив,со долга песковите плажа.

Но, за нас младите извидници нема дерман-секоја вечер ни го криеја знамето и сабајле го нема за постројување.Се знае-казна помагање во кујна и лупење купишта компир и сечкање свежа зелка.На плажа попладне.Ама ако, поцрневме како ѓупци,а знаевме да се капеме и навечер.Да не заборавам-специјалност ни беше sиркање низ густото жбуње во импровизираната кабина,каде што мокрите костими за капење ги соблекуваа извидничките.Често пеш одевме во Петровац(на Мору),минувавме низ тунелот на Магистралата,а патем се утепувавме од јадење зрели и преслатки смокви.

Минатото лето по цели 54 години бев во Буљарица со измешани чувства на радост(морево уште е тука,ама не е веќе наше,а од околината ништо не се препознава-а домаќините се знае:„добар дан- два евра“.....).Спомените и убавите сеќавања немаат цена,нели!


 

Мојсо Мојсовски

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок