18 Декември, 2025
0.2790

Извиси ли ГА-МА?

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2020 10:24

Добивај вести на Viber

Каде е закочена потпишувањето на спогодбатата меѓу „Макпетрол“ и Владата за откуп на акциите во ГА-МА? Зошто процесот не се помести и покрај тоа што двете страни успешно ја завршија медијацијата за што веќе беше известено. Како Владата ќе го затвора ова прашање и чуму ги префрли тие 32 милиони евра од буџетот за лани на сметка на претпријатието Национални енергетски ресурси (НЕР), пари со кои треба да му се плати акцијата во ГА-МА на „Макпетрол“. Ова се само дел од прашањата за кои одговор очекуваат и од „Макпетрол“. Оттаму за Фактор велат дека многу е важно што медијацијата за спорот завршила успешно и дека тие го завршиле својот дел од работата, но дека на потег е Владата. Тврдат дека тие се подготвени веднаш да потпишат.

„Медијацијата е успешно завршена. Спорот е решен во присуство на Владата. Ние како „Макпетрол“ ги донесовме сите соодветни одлуки и сме подготвени да пристапиме кон потпишување на спогодбата со што ќе се реши прашањето со ГА-МА. Со тоа во целост ќе постапиме согласно закон и препораките од Третиот енергетски пакет, одговараат од „Макпетрол“.

Регулирањето на сопственичките односи во ГА-МА всушност целосно е во согласност со Законот за енергетика и Третиот енергетски пакет кој впрочем беше инкорпориран во Законот, а усогласен како обврска од Енергетската заедница. Двете страни претходно и побараа медијацијата да биде во Центарот за решавање спорови во Енергетската заедница, но сега поради непотпишувањето на спогодбата роковите газат. Впрочем тие веќе се и пробиени, за што можно е државата да плаќа и пенали. Зошто се чека, Фактор вчера достави прашања и до Владата, но и во Министерството за економија, а до објавата на текстот одговори не добивме.

Според наши информации првичната идеја била за потпишувањето на спогодбта да се донесе само владина одлука, потоа тоа се променило да се во барање за донесување на Закон и сега не се знае што е последно. Но кога ќе се одблокира процесот и зошто се кочи нема одговор. Дополнително работите се проблематизираат поради фактот дека сега функционира техничката Влада, каде што се променети премиерот и вицепремиерот за економски прашања кои беа директно вклучени во преговорите, а Парламентот ќе работи само до 11 февруари. Што значи дека, доколку Владата сеуште го застапува правецот за донесување на Закон или склучувањето на спогодбата да оди преку Собранието, невозможно е потпишувањето на спогодбата да се случи пред предвремените парламентарни избори.

Владата пред крајот на годината му ги префрли парите за трансакцијата за откуп на акциите во ГА-МА на НЕР, а министерката за финансии дури се пофали дека тоа допринело реализацијата на капиталните инвестиции во Владата да е околу 99 отсто.

Но, тоа впрочем воопшто не ја заврши работата.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа