Извозот расте – колкава е вредноста на увезените стоки?
Објавено во: Економија 05 Септември, 2016 20:55
Вредноста на извозот на стоки за периодот јануари-јули годинава изнесува 2.710.526.000 долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Ова претставува раст од 5,6% во однос на истиот период лани. Увeзената стока чини 3.821.115. 000 долари, што е за 4,4% повеќе во споредба со истиот период лани.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули е 1.110.590.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2016, изнесува 71.0%.
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.
Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и со Италија.
Лани во првите пет месеци трговската размена со странство имаше пад од 13.5%.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




