19 Декември, 2025
0.0418

Извршител „ја нападна“ сметката на Град Скопје и собра 1,5 милиони евра

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2023 07:45

Добивај вести на Viber

Канцеларијата на извршителот Христо Јованов во периодот од 9 до 15 мај извршил присилна наплата на повеќе од 95 милиони денари, односно повеќе од 1,5 милиони евра, од сметката на Град Скопје.

Редакцијата на „Фактор“ уште пред една недела до Град Скопје испрати прашања за каква наплата станува збор, откако платформата „Отворени финансии“ покажа дека на посебна сметка на Канцеларијата на извршителот Христо Јованов се исплатени околу 95 милиони денари за неколку дена. Не добивме одговор која е причината за настанување на долгот, кој е доверителот и колку од парите се платени за основниот долг, колку за камати и колку за награда на извршителот.

Од платформата „Отворени финансии“ може да се види дека исплатите се одвивале по четири различни основи. Има повеќе од 30 трансакции кои се одвивале во период од неколку дена. Највисоката сума - 16.866.792 денари е исплатена на 15 мај. На 9 мај била исплатена највисоката вкупна сума - повеќе од 37 милиони денари.

Во истиот периодот на овие присилни наплати излезе во јавност и информацијата дека е блокирана сметката на Град Скопје, од каде што тоа за брзо време го демантираа, но од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска рекоа дека имало неплатени обврски кои се влечеле со години.

„За жал, точно е дека градот Скопје има неплатени обврски кон приватни субјекти, а во случајов се работи за долг кој го направил екс-градоначалникот Коце Трајановски, а потоа не успеал да го плати ниту екс-градоначалникот Петре Шилегов“, гласеше дел од тогашниот демант.

Истовремено во партиски соопштенија беше лиферувано дека Град Скопје, покрај блокираната сметка, се соочува со банкрот и тешка наплата на буџетски средства. Буџетот што го изгласа Советот за 2023 изнесува над 110 милиони евра.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии