20 Декември, 2025
0.0476

Извршител му заплени 9,5 милиони евра на Самсоненко

Објавено во: Економија 01 Декември, 2021 09:45

Добивај вести на Viber

Извршителот Никола Богатинов на 26 ноември пријавил дека од уделот на бизнисменот Сергеј Самсоненко во компанијата „Сис Инвест Груп“ има налог за запленување на имот од 9,5 милиони евра.

Извршителот го известил трговското друштво дека се врши заплена на уделот во големина од 9.540.749 евра од главнината на „Сис Инвест Груп“. на должникот Сергеј Самсоненко заради наплата на побарување.

Во Централниот регистар е соопштено дека доверителот се стекнува со заложно право на уделот,а  на должникот му се забранува да располага со запленетиот удел. Во известувањето се напоменува дека на 29 декември 2020 Основниот граѓански суд Скопје донел решение да запре стечајната постапка по предлог на должникот откако на тоа се согласиле доверителите кои пријавиле побарување. Но по речиси една година уделот на Самсоненко од предмет на стечајна маса сега станува предмет на извршување, бидејќи по правосилноста на решението „Сис инвест груп“ во меѓувреме излегува од стечај и може слободно да управува и да располага со имотот што влегол во стечајна маса.

„Сис инвест груп“ ги поседува најверојатно најатрактивниот плац во земјата во центарот на главниот град, заедно со недоградениот хотел „Мериот Кортјард“ и невселениот Офицерски дом, во кој требаше да има и градска куќа. Вкупното побарување од фирмата на рускиот бизнисмен во судскиот процес изнесуваше исто така 9,5 милиони евра.

Претходно медиумите пишуваа дека во овие објекти Самсоненко досега вложил 14 милиони евра, а франшизата за хотелот „Мериот Кортјард“ ја платил 199.000 евра. За да го заврши целиот градежен потфат, Самсоненко проценил  дека му се потребни уште 20 милиони евра.

Тој во претходно интервју рече дека „злосторничко здружување со мрежа на корумпирани нотари, извршители и судии, се обидуваат да му го одземат деловно-хотелскиот објект преку обезвреднување, фалсификување и вметната клаузула за активирање на стечај“.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба