16 Мај, 2024
0.0511

IZZY FT. ANGRY BIRDS – Хрватско-Македонска соработка за позабавно типкање!

Хрватскиот старт-ап „Аспида“, кој е во фаза на основање на своја подружница во Македонија, ја изработи првата интерактивна тастатура за фановите на светски познатиот анимиран филм „Лутите птици“ (Angry Birds)!

Објавено во: Свет 06 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Обожавателите на „Лутите птици“, но и оние што на најомилената алатка денес – тастатурата, сакаат малку акција, забава и дизајн, од денеска можат да имаат сопствена брендирана и интерактивна тастатура за сите уреди ИОС и Андроид.

Izzy ft. Angry Birds“, најновата апликација на брендот „Изи“ (Izzy) нa „Аспида“, ја здогледа светлината на денот и е прва тастатура со развиено препознавање на движењата на прстите на тастатурата (т.н. gesture recognition). Со тоа, брзо и едноставно се исцртуваат емотикони и симболи, без да се излезе од главната тастатура во онаа со симболи, а движењата се осмислени да бидат интуитивни и лесни за паметење.

Со вообичаените функции, оваа тастатура на корисниците им дава целосно ново доживување на звуците и на анимациите! Така, музичката тема од филмот „Лутите птици“ може да се засвири со преминување со прстите преку тастатурата, а со исцртување на одредени потези за десетте најчести емотикони се активираат анимираните ликови.

Во понудата се четири маски за тастатурата – бесплатен генерички, на кој со често исцртување на емотиконите и на симболите се освојуваат анимации со ликовите од анимираниот филм „Лутите птици“; другите обвивки се Чак, Ред и Бомб со своите анимации. Во првата недела, како подарок на корисниците на „Епл“ и „Гугл стор“, сите маски ќе бидат бесплатни.

Ова не е првата тастатура на компанијата „Аспида“, во којашто се собрани група ентузијасти програмери и дизајнери од Хрватска и Македонија. Таканаречените gesture recognition се развиени за сите симболи и 21 емоџи, а сега се збогатени и со анимации. „Изи“ минатата година веќе оствари успешна соработка со фудбалските клубови „Хајдук“, „Црвена звезда“, „Лудогорец“, потоа со Нина Бадриќ, „Ту-челос“, Оливер Драгојевиќ, Џибони и други многубројни изведувачи и спортски клубови од регионот чиишто тастатури се веќе на пазарот.

http://getizzy.com/angry_birds

Сега, заедно со финската компанија „Ровио“ (Rovio) и нејзините ликови од играта и филмот „Лутите птици“, „Изи“ излегува и на глобалниот пазар. Многумина го препознаа потенцијалот на иновацијата што ќе ја промени перцепцијата за тастатурата на мобилните уреди. Главниот инвеститор е „Јадран Капитал“ од Сплит, а на проектот „Изи“ соработува и со агенцијата „Брукета и Жиниќ ОМ“ (Bruketa&Žinić OM), што е задолжена за дигиталната маркетиншка комуникација.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра