08 Мај, 2024
0.0221

Ја чекам вистинската жена: Интервју со Игор Џамбазов

Објавено во: Стил 06 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Сите најдраги стихови од неговите блуз приказни, стиховите од поп-хитовите кои ги напишал за пријателите и некои сосема непознати на јавноста, минатата година ги собра во книгата „Улица диши длабоко“, негова седма по ред. Маестралниот актер, шоумен, писател и музичар Игор Џамбазов во искрениот муабет за „Женски магазин“ открива што го пишманило да му се врати на театарот, и како успеал да се одбрани од политичките притисоци. Со љубов зборува за татко му, маестро Александар Џамабзов, за сеќавањата на мајка му Анче и дедо му Петре, за сите жени кои му недостасуваат, и за она што го прави најбогат, мирниот сон и пријателите.   

* Како ги бираше песните за книгата „Улица диши длабоко“?

- Кога ги собрав сите на едно купче сфатив дека имам напишано премногу. Селекцијата траеше подолг период. На крајот одлучив да ги ставам сите стихови за моите песни, песните со Гуру Харе и бендот, текстовите што сум ги напишал за нашите најголеми музички ѕвезди како “Нокаут“, Тамара, Тијана, Ребека, Елена, Калиопи, но и текстови кои многумина прв пат ќе ги прочитаат, а мене ми се особено драги. Тука се и неколку мои поетски обиди кои беа издадени во мојата прва книга “Тоа сум јас“ која за жал одамна не е во продажба.

* Изјави дека во насловот на книгата го додаде зборот Улица затоа што насловите на твоите песни личат на графити. Кој наслов-графит носи најсилна порака и приказна?

- Па мислам дека има повеќе, но токму насловната песна “Диши длабоко“ е таа која носи најсилна и најздрава порака. Тука се и “Каква е оваа ситуација“, “Во бестрага“, “Да си жив и здрав“, “Мразам плејбек“, “Нема спас“... Секоја од нив со своја посебна порака, вели Џамбазов, а целото интервју може да го прочитате на Женски Магазин.