Ја напишав песната лежејќи неподвижна: Лидија Кочовска со емотивна балада ја изненади болната пријателка Маја
Објавено во: Стил 03 Јули, 2019 09:44
Емотивните стихови на песната „Болна вистина“, вистинита приказна за болеста на текстописецот и уметница Маја Павловска, ја инспирирале Лидија Кочовска да ја препее песната и да ѝ ја подари на Маја за нејзиниот роденден. Павловска, долги години живее со синот живее во Холандија, страда од ретката болест со дијагноза „Myelopoliradiculoneuritis“. Во претходно интервју за Женски магазин, таа ја опиша болеста како вирус кој ѝ го нападнал `рбетниот мозок. Кога имала 28 години, на 14 февруари во 1991 година, Маја добила тотална парализа, која ја врзала за кревет и за десет минути сосема ѝ го сменила животот.
„Песната „Болна вистина“ ја пишував во кревет, неподвижна, со лева рака, наопаку од десно кон лево, за потоа на светлината од прозорецот да го превртам листот за да видам што сум напишала. Од целото тело, само два прста ми работеа од таа лева рака. Во тој момент Бобан беше две години“, раскажа Маја за синот и за песната која настанала во 1993 година.
Целиот текст читајте го на Женски магазин тука.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





