ЈА ОБЕЗБЕДИ ПОТРЕБНАТА ПОДДРШКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ: Трамп води против Камала Харис но со помала разлика од Бајден
Објавено во: Свет 23 Јули, 2024 16:01
Актуелната американска потпретседателка, Камала Харис има поголема поддршка од
претседателот Џо Бајден во изборната трка против републиканецот Доналд Трамп,
но поранешниот претседател се уште има предност пред веројатниот кандидат на
Демократската партија, покажува
анкетата на Morning Consult.
Иако Трамп има предност пред Харис, таа е помала отколку кога Бајден беше на гласачкото ливче.
Во истражувањето спроведено по излегувањето на Бајден од трката, Morning Consult покажа дека Трамп има поддршка од 47 отсто во споредба со 45 отсто за Харис.
Инаку, таа веќе има доволно делегати што и се потребни за да ја обезбеди номинацијата за претседател. Анкетата на Ашошиетет прес покажа дека Харис може да има поддршка од 2.538 делегати, што е многу повеќе од потребните 1.976 за победа на делегатското гласање следната недела.
Можеби ќе ве интересира
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса




