05 Декември, 2025
0.0534

Ја отпуштил бидејќи била многу сексипилна, судот го прифатил отказот!

Објавено во: Стил 23 Декември, 2012 16:05

Добивај вести на Viber

Врховниот суд на американската држава Ајова донесе контраверзна пресуда дека работодавачите можат да им дадат отказ на работниците, за кои сметаат дека се премногу сексапилни. Оваа одлука била донесена од судијата кој го разгледувал случајот на отпуштена асистентка во стоматолошка ординација, а која тврди дека добила отказ бидејќи е премногу атрактивна.

Како што навел судот во својата одлука, стоматологот не ги прекршил законите со тоа што го прекинал договорот со својата соработничка, која неговата сопруга ја сметала како закана за нивниот брак, иако сведоците изјавиле дека Мелиса Нелсон која10 години работела за стоматологот Џејмс Најт, никогаш не флертувала со него.

Сепак, за време на судската постапка, стоматологот раскажал дека неколку пати и забележувал на Мелиса дека нејзината облека е премногу тесна и го деконцентрира при работата.

Во 2009 година стоматологот и неговата соработничка започнале да разменуваат СМС пораки. Истата година, сопругата на Најт ги открила пораките и побарала од својот партнер да го прекине договорот со Нелсон, бидејќи таа претставувала закана за нивниот брак. Стоматологот ја отпуштил на почетокот на 2010 година, по што Мелиса поднела судска тужба.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: