ЈА СМЕТААТ ЗА ВОНБРАЧНА ЌЕРКА НА ПУТИН: Девојката кажа што мисли за рускиот лидер
Објавено во: Свет 04 Август, 2025 16:33
Луиза Розова, наводната ќерка на рускиот претседател Владимир Путин, првпат отворено проговори за својот татко и за животот во егзил во Франција. Овој потег на младата жена, која досега живееше речиси невидливо, предизвика вистинска сензација, пишува БИЛД.
„Прекрасно е што можам повторно да му го покажам моето лице на светот. Ме потсетува секој ден која сум по раѓање и кој ми го уништи животот. Личност која одзеде милиони животи, вклучувајќи го и мојот“, напишала таа на каналот „Телеграм“, откако по неколку обиди на весникот да стапи во контакт со неа, го прифатила новинарот во нејзината група на „Телеграм“, „Уметноста на Луиза“, тврди БИЛД.
Но, Луиза Розова е само псевдоним под кој во Париз се крие Елизавета Кривоногих, родена на 3 март 2003 година во Санкт Петербург. Во 2020 година, истакнатата платформа за критички истражувања на Кремљ, „Проект“, беше првата што откри дека таа наводно е вонбрачна ќерка на рускиот лидер и дека нејзината мајка одеднаш стекнала огромно богатство по породувањето. Клучниот доказ за врската со Путин, меѓу другото, се наоѓа во нејзиниот извод од матичната книга на родените. Рубриката за таткото е празна, но „Владимировна“ е наведено како патроним. Покрај тоа, постои изненадувачка физичка сличност.
Пред еден месец БИЛД отиде да бара траги во Париз, каде што Луиза Розова во меѓувреме дипломирала на уметничката академија ИЦАРТ. По прифаќањето на новинарот во нејзината група на „Телграм“, „Уметноста на Луиза“, освен изјавата што ја напишала, таа првпат објавила и фотографии од себе, наместо исечени слики на кои се гледаат само нејзините нозе и „селфиња“ со косата преку лицето, како што обично објавувала.
Во парискиот егзил, Луиза Розова се обидува да го промени својот имиџ, наведува БИЛД.
Нејзината мајка, Светлана Кривоногих, е од Санкт Петербург, каде што работела како чистачка во продавница кога кон крајот на 1990-тите му го привлекла вниманието на Путин. Во 2020 година, независниот руски истражувачки медиум „Проект“ тврдеше дека тие станале пријатели додека тој бил заменик-градоначалник на Санкт Петербург. Постојат докази дека патувале со исти авиони, а тајните документи откриени во 2021 година опишуваат како таа се збогатила откако Путин станал претседател. Сега поседува неколку недвижности, вклучувајќи луксузен стан во Москва, купен во 2003 година. Станала и акционер во „Росија банка“, позната по врските со најблискиот круг на Путин, преку која стекнала 100 милиони долари од својот удел, пишува „Дејли мејл“.
foto printskrin
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




