Ја снема од јавноста, а имаше добар моден стил: Боркица Груевска знаеше да ја носи облеката

Објавено во: Општо 23 Јуни, 2021 17:00
Од осамостојувањето па до денес, имавме неколку премиери. Со своите сопруги често одеа на разни патувања ширум светот, на јавни настани, забави, хуманитарни акции... Токму таму можевме и да го видиме стилот на тие дами, а Боркица Груевска, втората сопруга на екс премиерот Никола Груевски рака на срце секогаш изгледаше прикладно и умерено облечена.
Преферираше да носи фустани кои ја изразуваат линијата на телото но и такви кои се со строг крој, ама во боја и не претерано шарени. Нејзината тивка појава сепак го задржуваше вниманието и таа на своевиден начин остави моден белег во годините на владеењето на нејзиниот сопруг.
Често си играше и со накит, внимателно избран, а косата и шминката секогаш ѝ беа одлично усогласени. За разни свечености носеше паметно избрана облека и изгледаше убаво.
Фото: Фејсбук профил на Никола Груевски