Ја спасуваа економијата ама државата ги заборави: Ќе има ли мерки и за големите извозни компании
Објавено во: Економија 15 Септември, 2020
Го спасуваа извозот и ја влечеа ранетата економија напред - сепак за поголемите извозни компании од кои повеќето странски инвеститори досега немаше помош од државата. Во пресрет на есента и продолжената криза и тие стравуваат од ударот. Официјално сега не побараа ништо - дали Владата ќе се одважи и ќе им помогне и на овие компании ќе стане јасно веќе неделава. Најавен е четвртиот пакет мерки кои треба да му олесни на реалниот сектор, а странските инвеститори исто така имаа значајни последици од кризата. Самите имаат голем придонес на економијата односно годишни приходи од 2,9 милијарди евра и вработуваат околу 28.000 луѓе. Можно ли е да има отпуштања и кај овие компании, ќе успеат ли да ја премостат кризата?
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески за Фактор вели дека странските инвеститори во земјава имале доста разбирање за ситуацијата и дека и без поддршката значале доста во ова време. Сепак сега бара со мерките да бидат опфатени и тие.
„Можеби е нормално е дека една социјалдемократска Влада, да дава приоритет на прашањата на ранливите категории, на делот од населението кој што се бори за својата егзистенција и ние не сме против тие принципи. Ги подржуваме затоа што квалитетна работна сила е клучниот мотор на нашето работење. Но исто така, сите добро знаеме дека економијата ја влечат добростоечките фирми, извозно ориентирани во носечките индустриски дејности. Токму затоа ние сакаме во четвртиот пакет мерки да има поддршка за секого, водејќи сметка да тој баланс го даде најдобриот резултат, вели Азески.
Странските инвестотори уште во мај побараа субвенции за платите на нивните вработени и мораториум односно одложување на обврските на инвеститорите кои произлегуваат од договорите за доделување државна помош склучени во согласност со законите кои се однесуваат на помошта и тоа во рок од шест месеци. Тие тогаш сметаа дека е потребно итно и неодложно целосно одложување на царинските стапки на одделни производи односно компоненти потребни за производство на технолошки напредни производи со соодветните стапки во Европската Унија согласно Одлуката за намалување на увозните давачки- царинските стапки на оддлени компоненти. Барањето беше за да се зголеми конкурентноста на нашите компании. Сепак Владата не им излезе во пресрет.
Со одлука која беше со важност од 30 јуни годинава беа намалени стапките на 12 производи за 50 отсто, но и покрај барањето Владата не ја продолжи важноста на оваа одлука.
„Како држава имаме поголеми царини за увозот на многу компоненти што се потребни за производство на технолошки напредни производи од оние кои се применуваат за увоз од трети земји во ЕУ. Ова ја прави земјата неконкурентна како локација за инвестиции за другите земји членки од ЕУ и земјите од регионот и дополнително ги прави неконкурентни македонските производи во споредба со земјите членки на ЕУ, тврдеа од странските компании.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.