Ја затвориле продавницата, а на безобразниот шеф му оставиле порака
Објавено во: Стил
04 Септември, 2013 13:56
Добивај вести на Viber
Тројца вработени во продавница за чевли во Њу Јорк, дале отказ, ја затвориле продавницата и на влезот оставиле „лута“ порака за својот шеф, која набрзо се прошири на интернет.
Како што пишува Business Insider, се чини дека драматичното заминување на вработените следувало откако регионалниот менаџер му порачал на еден од работниците дека „ракот не е изговор“. Деталниот контекст на инцидентот не е познат.
„Драги Џим, даваме отказ со оглед на тоа дека рече оти „ракот не е изговор“ и оти мислиш дека е во ред да ги пцуеш своите вработени, што и правиш цело време“ - стои меѓудругото во пораката оставена на затворената врата од продавницата.
Фотографијата прво осамна на популарната страница Редит.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: