Јагленот нема иднина, може ли ЕЛЕМ да го купи ТЕ-ТО?
Објавено во: Економија 27 Март, 2018 07:10
Време ли е ЕЛЕМ да се сврти кон зелените технологии за производство на електрична енергија? Дали треба приоретит на компанијата да биде само купувањето на механизација за копање јаглен кога се знае дека јагленот се погласно се прогласува за голем загадувач и се става на листата на европски приоритети за укинување на неговата употреба. Премногу храбар или луд е чекорот ЕЛЕМ да ја купи гасната комбинирана термоцентрала ТЕ-ТО?
Државната компанија за производство на електрична енергија најави дека ќе купи механизација за потребите на ископ на јаглен во РЕК „Битола“. Најавија дека тоа ќе го направат за четириесетина милиони евра и со тоа ќе го сузбијат големиот трошок што им се јавува заради ангажманот на туѓа механизација за потребите за копање јаглен за РЕК-от. Досега биле потрошени повеќе од 200 милиони евра за копање и транспорт на јаглен за потребите на РЕК.
Ваквата одлука на актуелното раководство на ЕЛЕМ изгледа домаќински, но мора да се земат во превид уште неколку други работи со цел ова да се види од повеќе агли. Прво, мора да се спомене дека последното раководство на ЕЛЕМ од времето на ВМРО-ДПМНЕ објави тендер за набавка на оваа механизација кон крајот на пролетта лани.
Кога се зборува за оправданоста на овој тендер што сега се објави мора да се има одговорот на прашањето : за колку години економска експлоатација и со каков квалитет е јагленот што новата механизација во РЕК Битола ќе го копа?„Фактор“ побара одговори од ЕЛЕМ и кога ќе ги добиеме ќе бидат објавени во целост.
Дополнително, во врска со дилемите за рентабилноста на РЕК-от да потсетиме на една многу важна, но подзаборавена деловна операција: обемната, сложена и многу скапа ревитализација на котлите на РЕК Битола што течеше последниве 5-6 години, но дали даде резултат? За тоа најдобро може да даде одговор стручниот кадар на ЕЛЕМ... Факт е дека ЕЛЕМ не е балансно-одговорна страна и факт е дека неговата балансна одговорност се одлага подолго време. А нели оваа ревитализација требаше да го направи РЕК-от многу поприлагодлив на претстојното пазарно отварање на електро-енергетскиот пазар.

Зошто ЕЛЕМ не го купи ТЕ-ТО?
Ова прашање е супстрат на цела една стратегија во дејноста производство на електрична енергија. Дали менаџментот на ЕЛЕМ има храброст да сврти нова страница. Дали се подготвени да се соочат со фактот дека јагленот, без разлика на тоа дали го има дали го нема и колку го има и со каков квалитет е, мора да оди во историјата. Според Парискиот договор, очекувањата во следните 20 години за развојот на секторот наелектрична енергија се дека ќе порасне учеството на обновлива енергија во производството наенергија, ќе се намали производството на енергија од термоцентрали базирани на јаглен и ќе пораснеучеството на производството на енергија од високоефективни електрани на гас и тоа ќе го подобрибалансот на електроенергетскиот систем. Се очекува во иднината финансирањето на термоцентралибазирани на јаглен да стане потешко поради строгите стандарди за животната средина и поради коишто големи финансиски институции нема да финансираат вакви проекти. Овие факти им се многу добро познати на сите експерти-енергетичари кои се специјалисти за планирање. Јагленот нема иднина.
ТЕ-ТО 2016 година ја заврши со добивка од оперативното работење иако работела 146 дена и тоа е само 40 отсто од сите денови во годината. Сигурно ќе биде многу порентабилна ако работи 300 дена во годината.
Во првиот квартал лани ТЕ-ТО имал 60 работни дена и остварил оперативна добивка од 6,7 милиони евра! Важно е за ТЕ-ТО дека цената на природниот гас му оди во прилог затоа што е значајно пониска во споредба со претходните години. Големиот проблем на ТЕ-ТО е токму минатото. Компанијата што стартуваше многу амбициозно низ минатите години се наполни со огромни долгови токму заради големите вложувања и високата цена на гасот. ТЕ-ТО наликуваше на многу талентирано копиле од кое се срамеа обата родители и сите нивни роднини. Тоа е голем проблем, но ако државата направи стратешки потег тоа не е голема цена. А ЕЛЕМ ќе добие централа на која ќе може да смета особено заради тоа што таа се наоѓа во главниот град кој е и најголемо конзумно подрачје.
Клучната предност на ТЕ-ТО е отварањето на пазарот на балансна електрична енергија. На сите европски пазари ова е највредниот и најскапиот продукт. Злато вреден. ТЕ-ТО на овој сегмент нема здрава конкуренција. Неговите џет турбини се максимално довреливи и испорачуваат до мегават без опасност за испад. ТЕ-ТО може да биде златен џокер за ЕЛЕМ и за неговата идна пазарна позиција. СО ТЕ-ТО во своето производно портфолио ЕЛЕМ ќе стане балансно-одговорен без никаков сериозен проблем.
Нашата цел не е да критикуваме туку да отвориме друга перспектива на работите. Целата експертска јавност знае дека РЕК Битола нема иднина. Поточно јагленот нема иднина дури и да го има. Тоа треба некој отворено да го каже, да го стави на маса да предложи решенија и да најде чаре за луѓето кои сега живеат од јагленот.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје




