ЈАГМА ЗА СТАНОВИ АМА И ЗА КРЕДИТИ: Милионски раст на станбеното кредитирање
Објавено во: Економија 09 Јули, 2021 07:20
Побарувачката за станови ја крена цената на недвижнините, но ги вивна и станбените кредити. Народната банка регистрира годишен раст на овој вид кредити во мај годинава од дури 14,1 процент, а сличен тренд имаше и во претходните месеци. Граѓаните удрија на купување на недвижнини во последниот период, а тоа доста се изразено беше и во пандемичната 2020 година.
И покрај неизвесноста, градежниците не можеа да стасаат да изградат колку што се бараше. Се градат и се купуваат и куќи и викендици. Во мај годинава банките во станбени кредити имаат пласирано над 995 милиони евра. На месечно ниво сумата се зголемила за над осум милиони евра или за 0,8 проценти. Во април станбените кредити изнесуваат 987 милиони евра. Во месеците претходно сумите се уште помали, што значи дека банките од месец во месец ја зголемуваат сумата одобрена по основ на станбени кредити. Фактор вчера пишуваше дека Народната банка регистрира значаен квартален и годишен раст на цените на недвижнините во земјата. На годишно ниво пораснале за четири отсто, додека за едно тромесечје се вивнале за дури три проценти.
Градежниците потврдија дека големата побарувачка за станови всушност е и една од причините за раст на цените на метар квадратен, а во поскапувањето главен фактор е зголемувањето на цената на градежните материјали.
Инаку станбените кредити се едни од најобезбедените кредитни производи и за банките носат помал ризик затоа што најчесто се покриени со хипотеки. Во портфолијата нема ни драстично зголемување на лошите кредити за овој тип кредитирање. Од друга страна во континуитет се намалуваат и каматите за овој тип продукти, а банките буквално се натпреваруваат која ќе понуди подобри услови. Така доста беше олеснет пристапот до пари за нов дом што секако се должеше и на поволните услови на меѓународниот пазар и конкуренцијата дома. Банкарите нудеа затоа станбени кредити со дестгодишна фиксна и ниска камата.
Инаку, ако се анализира по групи кредити, ваков раст не е забележан кај ниту еден друг тип. Имено во мај потрошувачките имаат кредитен раст од 7,7 проценти, а негативните салда на сметките пораснале во тој месец за 5,3 отсто што е промена од претходниот тренд. Или во претходните месеци кредитниот раст кај минусите беше значајно помал, помал дури и од еден отсто.
Пад има кај кредитирањето за автомобили и тоа за дури 15,3 проценти, исто така и кај кредитините картички за 9,1 процент.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




