18 Декември, 2025
0.0941

Јагнешко, ајвар, сирење од Македонија во маркетите Лулу во Катар

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2020 14:25

Добивај вести на Viber

Вршителот на должност амбасадорка на Македонија во Катар, Елма Алторок потпишала вчера меморандум за соработка со Мохамед Алтхаф, директор на хипермаркетите Лулу (Lulu Hypermarket). Станува збор за најголемиот ланец на хипермаркети на Блискиот Исток и еден од најголемите во Азија, со кој ќе се промовира деловна соработка за увоз на земјоделски производи, месо, производи од месо, македонски ајвар и повеќе сорти сирење во Катар, известија од кабинетот на заменик претседателот на Владата за економски прашања

Со овој меморандум, амбасадата ќе го олесни процесот на воспоставување на трговски врски помеѓу потенцијалните добавувачи од Северна Македонија и хипермаркетите Лулу во Катар, за редовен увоз на производи од нашата земја. 

„Иницијативата е дизајнирана за да промовира и изложи широк спектар на традиционални jaдења, производи од Северна Македонија, кои ќе ја приближат уникатната приказна за извонредната македонска кујна и храна. Ние веруваме дека ова е почеток на успешна приказна, која што ќе ни помогне да ги запознаеме граѓаните на Катар и да го промовираме квалитетот на македонска храна на локалниот пазар“, нагласи в.д. амбасадорката Алторок.

 Директорот на хипермаркетите Лулу, рече дека ова е првата можност за извоз на македонски производи во Катар, како и дека се среќни што на полиците во нивните хипермакети ќе се најдат производи од Северна Македонија.

 „Со потпишување на овој меморандум за соработка го започнуваме нашето заедничко патување. Истражуваме се повеќе и повеќе линии на производи. Заедно ќе го прошириме асортиманот на производи и мислам дека ова ќе биде огромен поттик и за Северна Македонија, и за хипермаркетите Лулу како и за Катар во однос на увоз на квалитетни производи “, рече тој.

Првите производи што ќе бидат извезени од Северна Македонија во Катар се овошје и зеленчук, јагнешко месо и месни производи, традиционален македонски ајвар, сорти на сирење и здрави прехрамбени производи.

Лулу хипермаркетите се дел од меѓународната групација Лулу (Lulu Group International), која поседува околу 195 објекти за малопродажба, вработува 57.000 лица, со годишен приход од околу 7,4 милијарди долари. Лулу хипермаркетите се најголем малопродажен ланец во земјите од Блискиот исток и еден од најголемите ланци во Азија, со што на македонските производители им се дава огромна можност да ги пласираат своите производи на странски пазар и на тој начин да го зголемат производството, да ја подобрат конкурентноста и да остварат поголеми приходи и профит.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа